gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

СУД НА ЧЕСТА

Задачата на Судот на честа е да се спречи нелојалната конкуренција, штетно, неморално или други видови на однесување на претпријатијата што е спротивно на добрите деловни обичаи, основните принципи на Законот за облигационите односи, како и другите прописи кои се применуваат во работењето на стопанството. На овој начин се настојува да се влијае на конкурентно делување и работење.

Преку своите активности Судот придонесува за развој на вонсудска спогодба во Република Македонија и промоција на политиката за заштита на потрошувачите.
Голем број на спорови пред судот завршуваат со склучување на порамнување или повлекување на барањето на подносителот на барањето, по претходна постапка на помирување. На овој начин, Судот придонесува да се растоварат редовните судови, развојот на толеранцијата во општеството и развојот на економските и социјалните односи.
Во својата работа, Судот е независен и самостоен во донесувањето на одлуки, а работи врз основа на Уставот, меѓународните договори, закони, прописи, актите на комората, основните принципи на облигационите односи втемелени во Законот за облигациони односи.

Надлежност на Судот првично беше утврдена од страна на Сојуз на стопански комори на Македонија, Статутот на Комората и Деловникот на Судот на честа на Сојуз на стопански комори на Македонија. Според овие прописи, Судот одлучува за прекршување на правилата на моралот (добрите деловни обичаи) во извршување на економските активности и промет на стоки и услуги во Комората, на членовите на Комората и за повреда на Статутот и другите акти на Здружението, или други дејствија со цел да им наштетат на членовите или на трети лица.

Најчестите прекршувања на добрите деловни обичаи за кои се поднесува барање до судот се:

     продажба на производи или услуги со лош квалитет, под маската на добар квалитет
     намерно нејасно или нецелосно склучување на договорот во прометот на стоки и услуги
     лажно рекламирање на штета на други компании или потрошувачи
     свесен чин што кај другите може да предизвика штета
     или пропуст со цел да се урне угледот на други бизнисмени,

Судот ќе се придржуваа кон европските принципи (принципот на независност и непристрасност, транспарентност, ефикасност и законитост) и ќе се приспособи во својата работа на секоја промена настаната при развој на пазарот.

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не