gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ЦЕНТАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ИНОВАЦИИ

Почитувани,

Добредојдовте на страната на Центарот за претприемништво и иновации.

Центарот за претприемништво и иновации е дел од Сојуз на стопански комори кој започна со работа на 1 февруари 2015 година. Преку нашата веб страна ќе се обидеме на јасен и достапен начин да Ви обезбедиме основни информации за центарот и кои услуги и активности ги спроведуваме. Наша цел е да Ви понудиме квалитетни материјали и информации и се надеваме дека ќе бидете задоволни со нивната содржина.

Активностите и услугите на центарот се фокусирани на обезбедување на навремени и точни информации и помош и поддршка на секој претприемач. Нашата желба е да се постигне синергија помеѓу бизнисите, Сојузот и Владата да се создаде поповолна клима за инвестирање, да го промовираме развојот на економијата и претприемништвото, нови работни места и да ги ревитализираме областите кои се од посебен државен интерес. Центарот за претприемништво и иновации во соработка со другите центри во Сојузот ќе делуваат во насока на подобрување на работењето на компаниите со следните активности:

- Дефинирање на мерки за подобрување на претприемачката клима во Македонија

- Следење и анализа на резултатите од работењето на малите и средни претпријатија

- Застапување на интереси и обезбедување на техничка помош за компаниите-членови 


Соработка со релевантните министерства, особено на:

- Соработка со Центарот за хаука, истражување и едукација и други институции во организирање на соодветна обука за претприемачи

- Консултантски услуги 



Со почит,

Центар за претприемништво и иновации 

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не