gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ИНФОРМИРАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ

 

Сојуз на стопански комори на Македонија континуирано делува во насока на застапување на компаниите членови преку артикулирање, процесирање и претставување на интересите и проблемите на фирмите членови пред надлежните институции.

Лобирање и успешно претставување на потребите на бизнис заедницата  е една од основните стратешки определби на комората и тоа го остваруваме преку учествување во подготвка и давање на сугестии за предлог закони, предлог мерки за унапредување на деловната клима, воспоставена е редовна комуникација со Владата која со поставената динамика на комуникација го гарантира исполнувањето на нашата намера институционално да ги разрешиме секторските проблеми на нашите членови.

На своите членови брзо и навремено им доставуваме бизнис информации за заинтересирани компании за соработка, настани, саеми, бизнис посети, форуми, при што исто така обезбедуваме можност за вмрежување и нови деловни контакти преку размена на контакт информации, организирање на редовни средби, неформални средби кои се од особено значење за меѓусебното поврзување на фирмите.

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не