Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) е дел од конзорциумот на проектот: Европски информативен и иновативен центар (ЕИИЦМ) од програмата на Европската Комисија: Програма за Конкурентност и Иновации.

ЕИИЦМ, како дел од една голема европска мрежа, обезбедува услуги за повеќе целни групи при што како главна целна група се јавува секторот на МСП, но услугите се достапни и за големите фирми, универзитетите и истражувачките центри. Овие услуги вклучуваат дисеминација на информации за ЕУ легислативата, овозможување на бизнис контакти со потенцијални европски партнери, олеснување на трансферот на знаење и технологии, како и промовирање на можностите за учество во програмите на ЕУ за истражување и развој.
Повеќе информации за проектот ЕИИЦМ можете да добиете на следниот линк http://een.mk/
Enterprise Europe Network во Република Македонија е присутна преку Европскиот Информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ)
Доколку сте заинтересирани да ја објавите Вашата понуда/побарувачка во BCD (Business Cooperation Database) на Европската Унија доволно е само да го пополните BCD формуларот за Вашата компанија и да ни го пратите на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., останатото ние ќе го направиме за Вас!