gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за 16+ 1 Економски Форум 2019 8.Самит на шефови на Влади на Н.Р Кина и 16 земји ЦИЕ

Покана
за

16+ 1 Економски Форум 2019
8.Самит на шефови на Влади на Н.Р Кина и
16 земји ЦИЕ


Датум: 12 април 2019 ( петок)
Место: хотел Rixos Libertas, Дубровник

Регистрација: 6:30 - 8:30
Почеток: 9:00 - 9:30

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Министерството за надворешни работи на Р.С. Македонија, Ве поканува на 8. Самит и Економски форум на шефовите на Влади на Н.Р. Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) во Дубровник, Хрватска. 

Бизнис делегација на највисоко ниво на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) традиционално и годинава ќе учествува на  8. Самит и Економски форум на шефовите на Влади на Н.Р Кина и 16. земји од ЦИЕ. 

Домаќин на 8. средба на шефовите на Влади на Кина и ЦИЕ е  Хрватска. Покрај мултилатералните политички состаноци што ги организира хрватската Влада, за време на Самитот во Хрватска, Економскиот форум и индивидуалните состаноци со претприемачи од Н.Р. Кина и сите 16 земји од Централна и Источна Европа (ЦЕЕЦ) ќе бидат организирани од страна на Хрватската комора за економија и хрватското Министерство за економија, претприемништво и занаетчиство.

Извоз, инфраструктура, иновации, инвестиции се во фокусот на 16+1 Економскиот Форум, каде ќе имате можност да запознаете нови партнери, инвеститори, да откриете нови производи и услуги, како и да се информирате за најновите бизнис трендови.  

Учеството за македонските компании на 16+ 1 Економскиот Форум е бесплатно.
Учесниците сами ги покриваат трошоците за патување и сместување.

Доколку сте заинтересирани за учество на Економскиот форум 16+1, Ве молиме информирајте нè на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. контакт лице: Марија Мустрик, телефон 3091 440 до 25 март со цел навремено да ја извршиме постапката за Ваша регистрација на Форумот.

Соработката на Народна Република Кина со земјите од Источна и Централна Европа започна во Будимпешта, а продолжи на состаноците во Варшава во април 2012 година, Букурешт Романија (2013); Белград, Србија (2014); Суџоу, Кина (2015), Рига, Латвија (2016), Будимпешта, Унгарија (2017), Софија, Бугарија (2018).

За сите дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 30 91 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 129 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не