gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на обуки за практично водење на сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финансиските извештаи

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Нова консалтинг Ве информира за можноста за учество на Практично водење на сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финансиските извештаи

 

Термин

15.03.2019, 68 часа, два пати петок /сабота, или

19.03.2019, 68 часа, два пати неделно, вторник / четврток од 17:00 до 19:45

www.novakonsalting.mk

тел. 078 383 053

 

Цена

18.000 денари

10% попуст за членови на комората

Можност за плаќање на три-четири месечни рати.

 

За друштвото

Повеќе од 20 години вршиме едукативни обуки, тренинг и усовршување на оние кои се дел од сметководствените и финансиски тимови во компаниите. Со над 3.000 успешно обучени индивидуалци кои го почувствуваа бенефитот од нашите курсеви, ние станавме водечка компанија, лидер во делот на едукација на сметководителите и финансиските работници во земјата. (повеке информации за друштвото на веб страната www.novakonsalting.mk).

 

Информации за обуката

 

Практично водење на сметководство, примена на даночно законодавство  и контрола на финансиските извештаи –

 

Цел

Стекнување практични знаења во областа на сметководство со цел ученикот да научи: правилно да ги евидентира и систематизира настаните во  вид на финансиски извештаи, да направи контрола на салдата на контата на средства, побарувања, обрски и капитал, да направи контрола на приходите и расходите, со цел да препознае неправилности во финасиските извешати и да ги подготви така што истите ќе представуваат објективна основа како за изготвување извештаи пред даночните власти така и изготвување извештаи за менаџментот.

Учесници

Секој, без разлика на возраста, степенот на образование и работното искуство, што сака да се стекне со практично знаење во областа на сметководството и контрола на извештаите.

 

Временска рамка

Вкупно траење на обуката: 68 часа

Програма на обуката

  • Применлива законска регулатива во областа на сметководство и даноци; зошто менаџментот треба

да донесе сметководствени политики

  • Разлика меѓу контна рамка и контен план;
  • Обработка на документи и контирање на изводи, тестови и контроли во главна книга;
  • Основи на законот за ДДВ и изготвување на ДДВ пријава;
  • Евидентирање на средства (основни, обртни, трошоци);
  • Фактури – согласно законот за ДДВ, и нивно сметководствено евидентирање,

тестови и контрола на салдата во главна книга и аналитика на коминтенти,

  • Евидентирање на основни средства и контрола на аналитичката евиденција со главната книга;
  • Пресметка на амортизација, отпис на ситен инвентар;
  • Приходи/расходи и сметководствено евидентирање на излезни фактури; тестови и контроли во главна

книга;

  • Пресметка на придонеси и персонален данок од плата и евидентирање на плата;
  • Магацинско работење, методи на вреднување на залихи, утврдување;

на набавна вредност на залиха согласно МСС2;

  • Трговија на мало: приемни листи, евидентирање на дневен пазар;
  • Обработка на на документи: девизни изводи и пресметка на курсни разлики;
  • Пресметка и евидентирање на трошоци преку благајна, оформување на

документација за благајна и контроли на салдата во главна книга;

  • Главна книга;
  • Аналитика на добавувачи/купувачи;
  • Контрола на салда од средстава, обврски, приходи, расходи и капитал;
  • Финансиски извештаи читање, разбирање и контролирање;
  • Резултат од работењето – Биланс на успех, припреми за завршна сметка, затварање на салдата

на приходните и  расходните конта (класа 4 и 7), евидентирање на резултатот од работење,

  • Биланс на состојба, тестови и контроло;
  • Отварање почетен биланс – почетен налог за наредна година;
  • Кратко запознавање со данокот на добивка и даночен биланс.

 

Очекувани резултати

  • да ги познава основните законски прописи и дел од професионална регулатива (МСС, МСФИ, МСФИ за МСЕ);
  • да ги препознава и применува документите, да ја контролира нивната оформеност од аспект на законските прописи;
  • да ја разбере суштината на евидентирањето;
  • да ги разбира сметководствените настани;
  • да ги применува сметките од аналитички сметковен план и да изготвува налози за книжење;
  • да ја искаже билансната рамнотежа;
  • да отвори Т-е сметки со нивно точно салдо: дебитно или кредитно;
  • да ја разбира аналитичката евидеција за побарувања и обврски;
  • да ги дефинира и групира средствата, обврските и капиталот;
  • да го утврди расходот по основ на продадени залихи согласно МСС2;
  • да води евиденција на набавка и продажба врз основа на документи;
  • да пополнува материјална картица;
  • да поврзува конкретен проблем;
  • да ги анализира и утврдува точноста на сметките пред пресметка на данок на додадена вредност  (поднесување на ДДВ пријава);
  • да го анализира дебитното, кредитното салдо сметките на средства, обврски, приходи, расходи и капитал;
  • да стекне способности за логично размислување, решавање на проблеми;
  • практично да ги применува стекнатите знаења и способности.

Стекнатото знаење од обуката претставува солидна основа за успешно работење на слушателите во: финансискиот сектор на компаниите од бизнис сферата, од државните органи или  работа во банка.

 

Програмска подршка, опрема и материјал за обуката

Предавањата се одвиваат во опремена просторија со модерна технологија, практична работа на индивидуален компјутер со користење на софтвер за финансово и материјално сметководство. Се изработуваат проекти, тестови и задачи за утврдување на стекнатите знаења за секоја целина пооделно, а со вкупен обем од 30 тестирања, како и наставен материјал во вид на прирачник.

Поволности

Учесниците во текот на обуката добиваат:

  • бесплатни консултaции и помош во водење на сметководство во нивните деловни субјекти
  • софтвер за водење сметководство инсталиран на ваше USB (истиот на кој што се одвива наставата на часовите со лиценца од една година)

 

Предавач

Кристина Тилиќ, дипломиран економист, овластен ревизор (во продолжение кратка биографија за предавачот).

 

Сертификат

Секој учесник кој успешно ќе ја заврши обуката ќе се стекне со Сертификат за посетена обука за практично водење на сметководсто и примена на даночно законодавство.

 

Пријавување

Секој учесник треба да достави ПРИЈАВА ЗА ОБУКА. 

 

Цена

18.000 денари

10% попуст за членови на комората

Можност за плаќање на три-четири месечни рати.

Цената вклучува трошоци за работен материјал, тестови, наставен материјал,

софтвер за водење на сметководство инсталиран на ваше USB, освежување за време на паузата. Во цената не е вклучен ДДВ.

 

Кратка биографија на предавачот Кристина Тилиќ

Квалификации

  •  Дипломиран економист;
  •  Диплома за стекнато звање Овластен ревизор издадена од Министерство финансии;
  •  Диплома за професионално образование од областа на сметководството издадена од USAID;
  •  Диплома за професионално образование од областа на ревизија издадена од USAID;

 

Работно искуство

  • Нова Консалтинг - основач и  менаџер;
  • Ефект плус, друштво за ревизија - партнер;
  • Електроелемент - финансов директор;
  • Акционерско друштво за стопанисување со станбен и деловен простор - финансов директор, директор на компјутерски центар, самостоен проектант на бази на податоци;
  • Предавач на курсеви во областа на сметководство и финансии во Работнички Универзитет "Кочо Рацин" - надворешен соработник -15 години;
  •   Надворешен соработник во областа на информатика, сметководство, финансии, во повеќе реномирани фирми: Вива сокови, Голден арт, Принц маркети, Лекарска комора на РМ, Стоматолошка комора на РМ, Работнички Универзитет "Кочо Рацин", Кејбл Тел, Златен Клас, Студио и академија Леонтич, Фигурела, Делта Брокер, Свем инженеринг, СМС треид, Авторско-правно биро, Основен суд Крива Паланка, Колбико Инженеринг, Зинес, Талија, и др.;

 

 Дополнително искуство

  • Предавач на семинари, работилници на тема финансиски политики и процедури за општините во РМ (проект на УСАИД), сметководство на Фудбалски Сојузи во согласност со МСФИ;
  • Активно учество на семинари и симпозиуми во областа на сметководство, финансии и ревизија;
  • Претседател на Надзорен Одбор на Институтот на овластени ревизори на РМ;
  • Интерен ревизор на ВФП фонд менаџмент АД Скопје и др.
Прочитано 332 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не