Испечатете ја страната

Покана за учество на Интернационален Саем за медицина EXPOMED EURASIA

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со АДОНИС ГРУП Ве информира за можноста за посета на Интернационален Саем за медицина дијагностика,рехабилитација,лабораторија EXPOMED EURASIA кој ќе се одржи од 28.03-30.03.2019 година во Истанбул

Саемот ќе Ви овозможи размена на искуства и нови приоди во сверата на медицината.

На саемот посетителите ќе имаат можност да видат:

-Физиотерапија,рехабилитација,ортопедски помагала,протези,возила за инвалиди,ортопедски чевли

-Хируршка облека,стерилни шприцеви и игли,стерилизација-дезинфекција и хигиенски производи

-Ендоскопски и лапароскопски системи,медицинска и дијагностичка опрема,стерилизатори,офталмолошки уреди,машини за дијализа,лабораториски уреди и системи,потрошни материјали за системи,системи за хемиски отпад

-Болнички кревети и опрема,амбуланти,транспортни возила,болнички системи за греење и ладење и др.

Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија.

АДОНИС ГРУП организира ,сместување во реномиран хотел со 4 или 5 звезди од две ноќевања со доручек.Ваши се патните трошоци.

На следниот ЛИНК можете да го превземете пријавниот лист за саемот како и сите информации како да го извршите пријавувањето.

За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 30 91 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прочитано 392 пати