gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Специјална можност за учество на Агро-Техника Експо & Форум 2019 во Албанија

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Ве информира за можност за Ваше учество на второто издание на Агро-Техника Експо & Форум 2019 кое ќе се одржи од 15 до 16 март 2019 година во саемскиот и конференциски центар „Expocity“ Албанија. За заинтересирани компании од Сојузот кои сакаат да учествуваат на саемот, доделен е попуст од 10 проценти, како и можност за избор на штанд
(можност за избор од 24 до 28) кој доколку има интерес треба да се резервира во најскоро време, поточно до 1 февруари 2019 година.

Во прилог Ви ги праќаме:

Каталот за Агро-Техника Експо & Форум 2019

Ценовник

План на штандови

Саемот нуди деловна комуникациска платформа за најважните локални, регионални и меѓународни актери во секторите за земјоделство, агро-обработка и агро-технологија.

По искуството на првото издание, Агро-Техника Експо & Форум 2019 ќе продолжи да придонесува за развојот на секторот преку успешна комуникација помеѓу компаниите, изложувачите и B2B средби. Тие имаат за цел да креираат нови можности за презентација и промоција на производи и услуги, нови партнерства и информации како и едукација за најновите случувања во аграрната технологија и развојот на секторската политика.

На првото издание на Агро-Техника 2018 присуствуваа околу 60 албански и странски бизниси. Второто издание се очекува да го удвои интересот за учество и посетност, не само од Албанија, туку и од регионот и пошироко, бидејќи очекувањата се да се започнат нови иницијативи и настани за време на истиот.

Земјоделството е приоритетен сектор со висок потенцијал за придонес во албанскиот економски раст. Земјоделството е главен извор на вработување, особено во руралните средини. Овој сектор генерира приближно 20% од БДП на земјата и опфаќа 38,2% од вкупната вработеност. Ова е одлична платформа за агро-бизнисите да се приклучат на новиот пазар кој има многу потенцијал, да воспостави нови партнерства, да формира соработка со локални и регионални брендови и понатаму да дискутира преку B2B состаноци.

Expocity Албанија е интернационален UFI-сертифициран, изложбен и конференциски центар, специјализиран за организирање разни трговски саеми, изложби и B2B настани.

Ве замолуваме Вашето присуство на форумот да ни го потврдите најдоцна до - 01.02.2019 година на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или на тел: 30 91 440.

Прочитано 430 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не