Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Влада на Република Македонија Ве поканува на претстојниот Македонско – Бугарски бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“, кој ќе се одржи на 17.01.2019 година (четврток) во Хотел Александар Палас - Скопје со почеток во 10:30 часот.
На бизнис форумот официјално обраќање ќе имаат заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, д-р. Кочо Анѓушев, м-р Томислав Дончев, потпретседател на Советот на Министри на Р. Бугарија, м-р Крешник Бектеши, министер за економија во Владата на Р. Македонија, г-дин Александар Манолев, заменик министер за економија на Р. Бугарија и г-ѓа Ирена Георгиева, заменик министер за туризам на Р. Бугарија.
По официјалните обраќања ќе следат прашања од присутните до говорниците и изјави за медиумите на вицепремиерите, а по завршување на официјалниот дел ќе се одржат B2B средбите помеѓу компании од Република Македонија и Република Бугарија.
Официјалната агенда за настанот може да ја преземете на следниот ЛИНК.
Од страна на Република Бугарија ќе присуствуваат компании од следните сектори:
• Рударство
• Градежништво
• Транспортна инфраструктура и логистика
• земјоделство
• Преработувачка индустрија/био храна и туризам
• ИКТ
На следниот ЛИНК може да ја преземете листата со компании кои ќе присуствуваат од страна на Р.Бугарија.
Ве информираме дека на Бизнис форумот можат да присуствуваат до две лица од една компанија. При пријавување на Вашето учество потебно е да ни испратите информација кои лица ќе присуствуваат од Вашата компанија (Име и презиме/титула/компанија) и со која компанија/компании од Р. Бугарија би сакале да остварите средба.
Ве замолуваме Вашето присуство на бизнис форумот да ни го потврдите во најкраток можен рок, најдоцна до среда - 16.01.2019 годна до 10:00 часот, на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или на тел: 30 91 440.