gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана на еднодневна обука „Стандарди за менаџмент со човечки ресурси“ - Институтот за стандардизација на РМ

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Институтот за стандардизација на Република Македонија ве поканува на еднодневна обука која ќе биде одржана на 21 Декември 2018 на тема:

„СТАНДАРДИ ЗА МЕНАЏМЕНТ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

                  

Претпријатијата и другите организации како и државните институции се почесто се соочуваат со тешкотии во менаџирањето и изведувањето на бизнис и организациските процеси поради недостаток на стручни знаења и вештини кај вработените, но и недостаток на знаење за менаџмент на човечки ресурси кај сопствениците на претпријатијата и менаџерите. Секоја организација која веќе ја осознала улогата и значењето на менаџерите со човечки ресурси за успешно водење на една организација во современи услови на живеење веќе имат формирано и посебен сектор за менаџмент со човечките ресурси.

 

Воведувањето на стандарди за менаџирање со човечки ресурси е особено значајно не само затоа што тие претставуваат моќна алатка за мерење на перформансите на вработените туку тие се и тло за понатамошна надградба и развој на човечкиот потенцијал со кој располагаат претпријатијата и институциите. Меѓународните ISO стандардите обезбедуваат насоки за клучните функции на човечки ресурси соодветни на потребите на организацијата. За таа цел Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) ja организира оваа обука на тема “Стандарди за менаџмент со човечки ресурси”.

 

Оваа обука нуди содржини кои се фокусирани на меѓународните ISO стандарди прилагодени на потребите на учесниците. Тие се и теоретски и практични со дискусии за конкретни практики и споредби на различни искуства од бизнисот и организациското окружување. Без разлика дали сте искусни или пак нови во областа на менаџирањето со човечките ресурси оваа обука ви го овозможува знаењето и искуството што ви е потребно. Ова е одлична можност за вас да стекнете адекватни вештини за тоа како треба да менаџирате со човечките ресурси.

 

Обуката ќе ја води сертифициран експерт проф. д-р Еленица Софијанова, професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, со долгогодишно работно искуство во областа менаџмент со човечки ресурси, како и експерт во Техничкиот комитет ИСРМ ТК 42 – Менаџмент со човечки ресурси кој е мирор комитет на меѓународниот технички комитет ISO/TC 260 – human resource management. Истовремено е обучувач и консултант во повеќе области на менаџмент. Автор е на голем број научни и стручни трудови од областа на менаџмент со човечки ресурси.

 

Ве покануваме да учествувате на обуката која ќе биде одржана на 21 Декември 2018. Заради организирање на соодветен простор за обуката ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 19 Декември 2018. Цената за обуката изнесува 6000 денари, а за членки на ИСРМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, сертификат за учество, кафе паузи, освежување и ручек.

 

На следниот ЛИНК се дадени деталните информации за обуката како и пријавата за учество.

 

За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 30 91 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 170 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не