gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Можност за учество на саем за презентирање на фирми од Западен Балкан


Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Генералниот конзулат на Република Македонија во Минхен Ве информира за можноста за учество на саем за презентирање на фирми од Западен Балкан "International Trade Representative Day Bavaria" кој ќе се оддржи во Минхен, (Mercure Hotel München Ost-Messe at Kronstadter Straße 12, in 81677 Munich) на 13.11.2018 со почеток во 10:30 часот.

Организатори на овој саем е Федералната асоцијација на германски здруженија за трговски агенции и дистрибуција „CDH“ кое е водечко здружение и претставува повеќе од 32.000 комерцијални агенции од сите сектори. Нивни членови се особено комерцијални агенции, односно независни компании.

Целта на овој саем се Б2Б средби со компании од Сојузна Република Германија кои се заинтересирани за остварување соработка со компании од Западен Балкан како и Македонски компании.

Заинтересираните компании за учество на овој саем потребно е да се регистрираат на следниот ЛИНК.


Учеството на саемот е бесплатно

Компаниите кои ќе учествуваат на саемот може да носат мало количество од нивните производи за презентацијата како и рекламни материјали, каталози, брошури, флаери.

Деталните информации за саемот можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Прочитано 266 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не