Во насока на создавање можности за Ваша меѓународна промоција и остварување на трговски партнерства, би сакале да Ве информираме дека од 31ви октомври до 1ви ноември 2018 година во Коџаели, Турција, ќе се организира меѓународен бизнис настан чија цел е вмрежување и остварување на соработка. Настанот ќе се одржи во рамки на саемот SANTEK во соработка со East Marmara ABİGEM и Стопанската комора на Коџаели и има за цел вмрежување на компании од Европа и Република Турција преку остварување на директни средби за создавање на партнерства и трговска соработка.
Оваа година настанот ги покрива следните сектори:
- Автомобилска индустрија
- Метална индустрија и машини
- Хемиска индустрија
- Градежништво и градежни материјали
- Енергетика и електроника
- Животна средина
- ИТ Индустрија
- Женско претприемништво
Ве известуваме дека за македонските компании учеството е бесплатно, а дополнително организаторите ги покриваат и трошоците за сместување во Турција. Останатите трошоци ги покриваат компаниите.
Вашето учество задолжително треба да го пријавите на следниот линк. Рок за пријава на настанот е најдоцна до 26.10.2018 година.
Сите останати информации може да ги погледнете на веб страната: www.match4industry.com.
За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 30 91 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..