gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на Фестивал на Иновации во Регионот на Балканот

Во насока на создавање можности за остварување на трговски партнерства, Ваша промоција и пласман на Вашите производи и услуги на странски пазари, Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Ве информира за можноста за учество на „Фестивал на Иновации во Регионот на Балканот“ кој ќе се одржи во Тирана од 18 до 20 септември 2018 година.

Трговската и индустриската комора во Тирана во соработка со Министерството за енергетика и инфраструктура на РА, Директоратот за економска дипломатија при МЕНР на РА го организираат овој Фестивал.

Претпријатијата кои ќе учествуваат на Фестивалот ќе имаат потпол пристап во презентирањето на продуктот или услугата штоја нудат кон меѓународните инвеститори и дипломатскиот кор акредитиран во Република Албанија и пред најголемите инвеститори во Република Албанија, како што се Белфин Груп, Кастрати груп, Салилари и други. Исто така ќе се организираат и B2B средби со бизнис делегации од Австралија, Холандија, Хрватска, Словенија, Естонија. На фестивалот исто така ќе се изберат најдобрите иновативни проекти од странските и домашните партнери кои имаат максимален интерес за запознавање со иновативните идеи и да вложат во нив.

Форматот за аплицирање можете да го најдете на следниот линк.

Категории за кои може да се аплицира се следните:

  • Старт-упс (туризам, прехрамбена технологија и екологија);
  • Туризам;
  • Енергетика;
  • Телекомуникации;
  • Технологија;
  • Финансиски институции / Банки

Рокот за поднесување на презентација и апликација е до 29 јуни 2018 година и истото можете да го направите на следниот линк.

Сите понатамошни информации ќе се ажурираат на:
Web: http://innovationfest.al/
Fan page: https://www.facebook.com/innovationfesttirana/
Events: https://www.facebook.com/events/2076503856009573/

За сите дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 489 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не