gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на саем за градежништво во Албанија

Градежна комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија Ве информира за одржувањето на саемот за градежништво „Албанија 2018“, кој ќе се одржи во периодот 21-23.09.2018 година во конгресна палата, Тирана (во центарот на градот).
 
Ве информираме дека саемот привлекува околу 100 изложувачи и нуди сертификати за учесниците.
 
На саемот учествуваат излагачи од различни делови од Албанија и од регионот кои на овој саем ќе ги презентираат најновите производи и технологии за секоjа голема градежна индустрија вклучувајќи:
 
-Материјални конструкции (бетон, тули, цемент и сл.)
-Материјал за инфраструктура (тротоари, бетонски цевки и сл.)
-Структура, метален профил (метален профил, декоративни работи од железо, инокс)
-Дрвени конструкции (дрвен профил, структури, дрвени куќи и сл)
-Работни алатки (зацврстувачи, дискови, опрема за заварување, електронски ваги)
- Други производи и услуги како и  изведувачи, дилери и дистрибутери, даватели на услуги, инженери, производители и многу други.
 
На овој саем своите производи ќе ги изложат производителите на оригинална опрема и ексклузивни дистрибутери на опрема, алатки, производи и услуги за градежништво, производство на бетон и комерцијални градежни материјали.
 
Во насока на учество на саемот Ве информираме дека минималната изнајмена површина изнесува 15м2, а цената е 60 евра /м2 за сите денови од саемот.
 
Во цената е вклучено:
 
1. Изнајмување простор,
2. Деливи панели 2,5 x 1 m,
3. Изложување на името на компанијата,
4. Бројот на штандот,
5. Тепих,
6. Три електрични 100 Ватни или 1 рефлектор 300 Вати / 9 м2,
7. Услуга за чистење,
8. Потрошувачка на електрична енергија до 6000 Ват / 9м2,
9. Маса, стол,
10.Обезбедување
 
Во прилог ви доставуваме слики од саемот како и покана, план на изложбениот простор и договор за учесници.
 
За сите дополнителни информации може да ги посетите следните линкови:
 
Web: http://albexpo.com/
Facebook: https://w ww.facebook.com/Albexpo-Group-614388595305601/
Instagram :https://www.instagram.com/albexpo
 
Ве замолуваме доколку сте заинтересирани за учество на саемот да не информирате на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел: 30 91 440, моб: 075 254 086 – контакт лице Гоце Карадаков.

Прочитано 454 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не