gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Инфо-сесија на тема: Јавно-приватен дијалог за унапредување на регулативата и начинот на спроведување надзор над пазарот

ПОКАНА

ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА:

ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НАДЗОР НАД ПАЗАРОТ

29 мај 2018 година (вторник)

хотел ТЦЦ Гранд Плаза,  Скопје

11:00-14:00 часот

 

Почитувани,

 

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива заедно со четирите клучни партнери: Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанска комора на северозападна Македонија, ќе организира информативен настан за унапредување на регулативата и начинот на спроведување надзор над пазарот.

Целта на овој информативен настан е согледување на постоечката состојба во поглед на регулативата која што го одредува делокругот на работа на Државниот пазарен инспекторат, како еден од носечките инспекциски органи со надлежности во поглед на контролата на трговијата, угостителството и туризмот, безбедноста на производите, заштитата на потрошувачките права и правата од интелектуална сопственост, со цел низ дискусија со приватниот сектор и низ процес на јавно приватен дијалог да се иницираат конкретни решенија кои ќе обезбедат поефикасна контрола над пазарот и воедно креирање на предвидливо деловно опкружување за компаниите.

 

Предавач на овој информативен настан е м-р Кирил Миноски, консултант со 19 годишно меѓународно искуство во креирање на политики, развој на институционалниот капацитет, развој на приватниот сектор, управување со промени и проектен менаџмент, поранешен консултант на консултантската куќа Буз Ален Хамилтон и лице кое што во минатото извршува повеќе високи државни функции.

 

Ве молиме, вашето присуство да го потврдите најдоцна до 28 мај, 2018 година (понеделник) на е-маил: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe0TZvNECwQJ9jsIFRjo3vwN0_WL-Sq8iBzngpDeSwBHL-PWA/viewform или тел: 075 280 507 – лице за контакт Елена Столеска:             

 

АГЕНДА

10:45 – 11:00

Регистрација на учесниците

 

11:00 – 11:10

Презентација на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива

 

11:10 – 12:40

Тековната  состојба на законската рамка која што го регулира работењето на Државниот пазарен инспекторат

§  Законски надлежности

§  Начин на вршење на инспекциски надзор

12:40 – 13:00

Пауза за кафе

 

 

13:00 – 14:00

Предлози и конкретни мерки за подобрување на регулативата и начинот на спроведување на надзорот над пазарот

 

§  Предавач: Кирил Миновски

§  Дискусија и прашања

14:00

Коктел

 

Прочитано 274 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не