gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на Интернационален саем за индустрија TINDEX 2018

Во насока на создавање можности за остварување на трговски партнерства, Ваша промоција и пласман на Вашите производи и услуги на странски пазари, Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со “Common Trading Point” - CTP Ве информира дека од 17 до 20 јуни 2018 година, во Табриз, Иран ќе се одржи Интернационален саем за индустрија TINDEX 2018.

Саемот има за цел зголемување на деловната соработка во областа на индустријата помеѓу компаниите од Балканот и компаниите од Иран и од Среден Исток, кои се најавени дека ќе присуствуваат на саемот и/или ќе бидат изложувачи.

Програма:

  • Ден 1: Официјално отворање
  • Ден 2: Разгледување на градот
  • Ден 3: Работна средба со Стопанската комроа на Табриз
  • Ден 4: Посета на Индустрискиот парк во Табриз

Македонските компании можат да изнајмат штанд за индивидуална изложба или заеднички да учествуваат во формирање на национален штанд кој ќе претстават повеќе македонски компании. Големината на еден штанд е минимум 12м2 со цена од 280 евра по м2. Компаниите дополнително добиваат логистичка поддршка за обезбедување на сместување. Цената за 5 дена ноќевање и појадок изнесува 400 евра. Во рамки на програмата обезбеден е локален транспорт, учество на конференции и Б2Б средби како и посета на компании по барање.

Во прилог Ви ги испраќаме официјалната покана за саемот како и формуларот за аплицирање:

Рокот за регистрација на Вашето учество е најдоцна до  11ти јуни 2018 година.

За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на: 02/30 91 440 или по електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

Прочитано 736 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не