gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска го отвара форумот економски сегмент на Самитот ЕУ Западен Балкан

Софија, Бугарија – Во рамки на економскиот форум на Самитот ЕУ – Западен Балкан Софија 2018, на тема „Помеѓу политиката и економијата“, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК),  Данела Арсовска има свое обраќање за спроведувањето на економските реформи во Република Македонија во процесот на приближување до Европската Унија, со што и официјално започнува економскиот сегмент на Самитот.

Арсовска заедно со министерот за економија на Бугарија, Емил Караниколов, претседателот на Винескиот економски форум, Гунтер Рабенштајнер, претседателот на Сојузот на економисти на Србија, Александар Влаховиќ, основачот и претседател на  Дефли економски форум, Симеон Цомокс и директорот на Агенцијата за странски инвестиции на БиХ,  Гордан Милинич  ќе дискутираат  за важноста на економскиот развој и  иднината на Западен Балкан.

Денешниот ден го означува официјалниот почеток на фотумот како економски сегмент на Самитот на премиерите на Западен Балкан. Oчекуваме да се отворат значајни прашања за реформските процеси на економиите од Западен Балкан и нивно приближување кон ЕУ. Големо внимание ќе привлечат заклучоците од економскиот форум каде и шефовите на држави на земјите на Западен Балкан ќе дискутираат за регионалната економска соработка како дел од европската интеграција, реалност и очекувања како и за улогата на инвестициите за раст и стабилност“, изјави Арсовска.

Претседателот на Сојузот Арсовска, ја предводи бизнис делегацијата на Република Македонија, со традиционално учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Таа е специјален гостин на економскиот форум под покровителство на бугарското претседателство на Советот на Европската Унија.

Самитот е еден од клучните настани за време на Бугарското претседателство со Советот на Европската унија, кој ги поврзува сите 28 шефови на држави или влади на ЕУ со премиерите на Западен Балкан. На овој значаен настан, премиерите на Западен Балкан имаа можност да разговараат за конкретни економски проекти со високи претставници на австриските, европските и меѓународните членови на Виенскиот економски форум, како и за нивно забрзано имплементирање. 

Целта на Виенскиот економски форум е да изгради мост помеѓу бугарското претседателство на Советот на ЕУ и следното австриско претседателство со Европскиот совет.  На Форумот, на кој присуствува и делегација на Сојузот,  ќе се разговара за интензивирање на регионалната економска соработка и заедно со поддршка на политиката да се изнајдат решенија за деловна соработка во различни сектори на регионалната економија.

Прочитано 412 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не