gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на G-Global-20 форум во Казахстан

Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на Македонија во Астана и "Републичкиот совет на жени" во Астана, канцеларијата на градоначалникот на Астана и Меѓународниот секретаријат на Г-Глобал, Ве поканува да учествувате на Меѓународната конференција на високо ниво "Global Silk Road 2018" кој ќе се одржи за време на 20-годишнината од Астана, главниот град на Казахстан, на 2-3 јули 2018 година.

Оваа конференција ќе го обедини празнувањето на годишнината од Астана и 5-тата годишнина од Иницијативата на претседателот Кси Џинпинг "Еден појас, еден пат", првпат објавен во есента 2013 година во Казахстан.

Во конференцијата GSR ќе учествуваат лидери наи претставници на бизнисот, финансиски институции, државни и научни работници, претставници на невладини и меѓународни организации, масовни медиуми од повеќе од 60 земји по должината на Велики свилен пат.

Програмата GSR ќе вклучува теми за глобалните предизвици со кои се соочуваат земјите од ШОС, клучни прашања за дигитализацијата на Патот на свилата на 21-от век и нов формат за организирање меѓународна деловна соработка, научна и експертска поддршка за Проектот за еден појас, еден пат и решавање на важни фундаментални прашања на жените, младите и невладините организации.

Покрај тоа, "Светскиот исламски економски форум" (ВИЕФ) ќе се одржи на 4 јули во Астана, како и во рамките на прославата на годишнината од главниот град на Казахстан. За наведеното има засебна регистрација, ве молиме контактирајте не за понатамошни детали.

Дополнително ви ја испраќаме Програмата

Доколку сте заинтересирани да учествувате, Ве молиме контактирајте ја г-ѓа Маја Савеска на e-mail:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., за регистрација и други

Прочитано 766 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не