gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на Меѓународен Саем за храна – SIAL 2018, Париз

Почитувани членови,

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Република Македонија во Париз, Ве информира дека од 21-25 октомври 2018 година, во Париз, Република Франција, ќе се одржи Меѓународниот Саем за храна -  SIAL 2018.

Меѓународниот Саем за храна -  SIAL 2018 претставува платформа за остварување на средби и партнерства и истиот го посетуваат повеќе од 333.000 посетители од прехранбената индустрија и туризот, а учествуваат повеќе од 14.000 реномирани компании.

На саемот во 2018 година најавено е учество на 7.000 компании од повеќе од 100 земји кои ќе ги презентираат своите производи од прехранбената индустрија. Исто така, на саемот ќе бидат претставени и иновации и најнови трендови во индустријата, а посетителите ќе имаат можност и да остварат директни средби со потенцијални партнери.

Повеќе детали може да погледнете на веб страната: www.sialparis.com.

Доколку сте заинтересирани да учествувате Ве молиме да го пријавите Вашиот интерес на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или телефон: 02 30 91 440.

Прочитано 302 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не