gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за Ваше учество на Agro-Food 2017, Брисел

Почитувани членови,

Во насока на континуирано проследување на бизнис информации и можности за Ваша промоција и остварување на партнерства, Сојуз на стопански комори на Македонија Ве известува дека од 11-12 јули 2017 година, во Брисел, Белгија ќе се одржи Конференцијата Agro-Food 2017 за био-базирани индустрии во Југоисточна Европа на тема "Иднината на земјоделството и прехранбената индустрија во Југоисточна Европа".

Конференцијата е во организација на Кластерот за дрвна индустрија на Хрватска, Кластерот за конкурентност во прехранбениот сектор на Хрватска и Групата на европската народна партија (EEP) и во таа насока овој важен настан за агро бизнис секторот е поддржан и од европратеничката Маријана Петир.

На конференцијата голем број на претставници од агро бизнис секторот ќе дискутираат на теми за:

  • Управување до земјоделско земјиште во Југоисточна Европа
  • Промени на европското селои приспособување со глобалните еколошки цели 
  • Примена на пестициди
  • Пновации, технологија и дигитализација во производството на храна
  • Ознака на потекло и брендирање на производот
  • B2B со инвеститори
  • Интернационализација и можности за развој на заеднички проекти на ЕУ

Покрај европратеници на конференцијата ќе присуствуваат претставници од институции, бизнис сектор, наука итн и присутните ќе имаат можност за остварување на директни средби и дискутираат за можности за соработка.

Во прилог Ви доставуваме информативна брошура и програма за конференцијата.

Доколку сте заинтересирани да учествувате, Ве молиме пријавете го Вашиот интерес на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или телефон: 02 30 91 440.

Прочитано 308 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не