gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на Интернационалниот саем за туризам ‘TTG Incontri’

Почитувани,

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Ве поканува да земете активно учество на Интернационалниот саем за туризам ‘TTG Incontri’, Римини во период од 12-14 Октомври 2017 година.

Местоположбата е во првата хала „red area“ каде агенцијата за туризам заедно со туристичкиот сектор се претставува неколку години по ред.

Бројот на пултови е ограничен и ќе се оди по принципот „прв пријавен прв услужен“.

Во прилог Ви доставуваме формулар за учество и упатство за организација, начин, постапка и висина на котизација за учество на меѓународни саеми за туризам.

Потребни документи за учество се:

  • Пополнет формулар со печат и потпис (во прилог на овој е-маил)
  • Тековна состојба од централен регистар
  • За туристички агенции, документ за лиценца А

Право на учество имаат:

  • Хотели
  • Туристички агенции со лиценца А
  • Ресторани
  • Општини
  • Национални паркови
  • Здруженија
  • Асоцијации и
  • Комори од областа на туризмот

Ве молиме доколку сте заинтересирани за учество на интернационалниот саем за туризам да го пополните формуларот кој Ви го достасвуваме во прилог и ни го доставите пополнет на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,  најдоцна до  25 Мај 2017 година.

Прочитано 481 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не