gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                fb  insta  twit  linke  yout

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ

 

Сојуз на стопански комори на Македонија врши истражување на пазарот, преку кое ќе дојдете до информации како полесно да ги разберете факторите кои влијаат на вашиот бизнис и да најдете нови можности за унапредување на вашиот бизнис.
Истражувачкиот тим на ССК во изминатата година изврши повеќе од 200 истражувања за компаниите членови. На кој начин нашите членови го користат истражувањето:


Како да најдете нови клиенти и пазари?
Истражувачкиот тим може да обезбеди листа на бизниси и индивидуални контакти поделени по индустрија, местоположба, број на вработени и други карактеристики. За потребите на Вашиот бизнис, можеме да изготвиме анализира на пазарот според приходите, образованието, видот на домаќинството, потрошувачите, трошоците, итн.


Како до информации за вашата конкуренција на пазарот?
Истражувачкиот тим може да ви помогне да дознаете кои се вашите конкуренти,  на локално или регионално ниво, како и да идентификува пазари, кои се не се доволно или се воопшто не искористени. Можеме да генерираме листи на бизниси според индустријата, местоположба и други карактеристики и истите ги анализираме наспроти потенцијалната побарувачката на пазарот.


Како до подобра база на добавувачи или клиенти?
Без разлика дали нудите или барате производ, услуга или експертиза, истражувачкиот тим може да ви помогне и посочи вистинските добавувачи или клиенти. Изготвуваме листи на бизниси според индустрија, местоположба, големина, според потребни лиценци или сертификати и други карактеристики.


Како да привлечете и задржите квалитетен работен кадар?
Дали им плаќате на своите вработени конкурентна плата? Дали сте отвориле ново работно место во вашата компанија, но не сте сигурни кое ниво на плата да понудите? Истражувачкиот тим има сеопфатни податоци за пазарот на работна сила и може да ви помогне да дојдете до одговори на вашите прашања.


Како до корисни податоци?
Истражувачкиот тим изготвува голем број на економски извештаи во текот на годината, кои се достапни за компаниите членови на веб-страната на  Комората. Одржуваме свои деловни бази на податоци и аналитички алатки поделени по сектори.


Без оглед на видот на истражување кое ви е потребно, ние ќе ви помогнеме брзо и навремено да дојдете до потребните податоци. Истражувачкиот тим ќе Ви обезбеди квалитетна услуга согласно потребите на вашата компанија.


За повеќе информации контактирајте не на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

From the President

 We are the leader and voice of the business community, a supporter of the economic growth of the chamber members. Together we will contribute to the economic stability of Macedonia and as partners move forward into a new decade of our success.

Arsovska Danela

MCC ISO 9001:2008

iso

International Network

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Contact

 info @ chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
 Mit. Teodosij Gologanov 1

Follow us